Антонио Милошоски го нарече Заев „неурамнотежен политичар“


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение го пренесе Фејсбук статусот на нејзиниот истакнат член, Антонио Милошоски, во кој тој го нарече претседаталеот на СДСМ, Зоран Заев, „неурамнотежен политичар“, со што индиректно го претстави и како партиски став.

Пишувајќи дека „Заев треба кривично да одговара“ Милошиски додава: „Овој неурамнотежен политичар на 1 јуни рече дека ‘вирусот слабее во неговиот ефект’ и со тоа ги изманипулира граѓаните и го релативизираше ризикот од пандемијата, со единствена цел да прикаже лажна ‘нова нормалност’ за да диктира датум за избори.

Во меѓувреме ни се случија нови 1,580 заразени, и за жал уште 40 нови починати од Ковид-19. Има ли човечност во овој лик? Никогаш повеќе ‘вирусот’ Зоран Заев!“

По обвинувањето на опозицијата дека Заев бил на чело на „криминална власт“ со овој Фејсбук статус навредите, обвинувањата или омаловажувањата на политичкиот противник преминаа граница, за која изгледаше дека сепак нема да се случи.