Антонио Конте тренер на Интер


Интер во четвртокот го отпушти Лучано Спалети, а нов тренер на клубот ќе биде Антонио Конте.
Ова е објавено на официјалниот Твитер профил на Интер.
Потпис на договорот значи и дека Интер се согласил на условите на Конте, од кои еден се однесува и на Мауро Икарди, кого следните недели треба да го замени Ромело Лукаку.