Антологија на современи авторски бајки


Издавачката куќа „Феникс“ ја подготви Антологијата на современи авторски бајки од домашни и странски автори, а изборот го направи проф.д-р Христо Петрески.

Во Антологијата се застапени 120 автори со по една своја бајка. Тоа е избор од над 500 автори со повеќе од 1000 бајки. Сите тие бајки пристигнаа на Конкурсот за современи авторски бајки кој траеше три месеци и заврши на 15 ноември оваа година. Меѓу застапените автори во Антологијата се и: Трајче Кацаров, Владо Јаневски, Габриела Стојаноска – Станоеска, Нехас Сопај, Мирослав Демак, Рахим Каримов, Шерозд Ортиков, Љубинка Донева, Славица Урумова – Марковска, Александра Велинова, Милутин Ѓуричковиќ, Ана Багрјана и други.

Современите авторски бајки се наменети за Меѓународниот фестивал на современи авторски бајки, кој ќе се одржи на 22 декември годинава. По тој повод, истиот ден со почеток во 12 часот Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ќе одржи научен собир на тема Авторските бајки во воспитанието и образованието –  можности, програми и перспективи, со воведни искажувања на д-р Лили Бошевска и м-р Весна Бошковска од Македонија, проф.д-р Вања Ангелова и Латинка Златева од Бугарија, проф.д-р Саша Делиќ од Босна и Херцеговина, проф.д-р Виктор Радун и Мирјана Ѓапо од Србија, Олга Лалиќ – Кровицка од Полска,…