Aнтиваксерите во Франција може да добијат забрана за користење јавен превоз

 
На луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против новиот коронавирус може да им се забрани да користат јавен превоз во Франција. Тоа е наведено во нацрт-законот што предизвика протест на опозициските политичари.

Премиерот Жан Кастекс доби поддршка од владата вчера за нацрт-законот насочен кон обезбедување правна рамка за дејствување во здравствени кризи, вклучително и борба против коронавирусот. Според текстот, што сега ќе биде доставен до Парламентот, може да се бара негативен тест за коронавирус или доказ за превентивен третман, вклучително и вакцинација, од луѓето за да обезбедат пристап до транспорт или одредени локации, како и одредени активности.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека 55 отсто од Французите нема да вакцинираат против коронавирус – едно од највисоките нивоа во ЕУ. Кампањата за вакцинација во Франција ќе започне в недела. Претседателот Емануел Макрон вети дека вакцинацијата е препорачлива, а не задолжителна.

Но, опозициските политичари остро го критикуваа законот. Според опозицијата, владата на Макрон планира „здравствена диктатура“ што ги напаѓа граѓанските слободи.