Антисемитизмот експлодира во Франција: 486 лица се уапсени


Француската влада соопшти дека антисемитската активност во земјата експлодирала по почетокот на војната меѓу  Хамас и израелската војска на 7 октомври.

Беа извршени 1.040 антисемитски инциденти, а 486 лица беа уапсени.

Од 486 уапсени, 102 се странци. Шефот на париската полиција Лоран Нуњез изјави дека имало 257 антисемитски инциденти и 90 апсења во поширокото подрачје на главниот град. Не постои типичен профил на извршител.

„Имаме луѓе од сите профили, мали луѓе кои зборуваат сериозни работи, но и оние кои се активни во одбрана на палестинската кауза и го губат својот компас“, рече Нуњез.

За ѕвездите на Давид насликани минатата недела на зградите во Париз и околината, началникот рече дека се работи за координирана акција во која најверојатно учествувала група насилници.