Антилопа уби работник во зоолошка во Шведска


Лице вработено во зоолошка градина во Шведска, е убиено од голема антилопа. Нападот се случил доцна синоќа, соопшти денеска сопственикот на Животинскиот забавен парк „Оланд“ на југозападниот остров Оланд.

– Тој беше наш пријател! Сите тагуваме, изјави управителот Ричард Берглунд.

Тој додаде дека бил и сведок на немилиот настан додека ѝ помагал на жртвата да ги доведе тн. еланд-антилопи – инаку најголемиот вид на светот, до нивната штала по затворањето на паркот. Полицијата соопшти дека случајот се третира како „несреќа на работното место“, што е стандардна процедура. Не се соопштуваат идентитетот и националноста на починатиот работник.

Од денеска паркот е затворен, стои на нивната интернет-страница.