Антикорупциска ќе отвори предмет за Рашковски


Фото: Б. Грданоски

Антикорупциската комисија по допрен глас ќе отвори предмет за Генералниот секретар Драги Рашковски и неговата евентуална вмешаност во изборот на фирма која треба да постави нов радарски систем на македонскиот аеродром, дознава НОВА.

Случајот се отвора откако во јавноста се објави аудио снимката на која се слуша како Рашковски наводно договора реализација на тендерот кој го добила италијанската фирма „Леонардо“.

Според информациите на НОВА, Антикорупциската комисија ќе проверува дали Рашковски навистина имал добиено задолжение од Владата да разговара за тендерот и дали е законски да преговара со претставници на италијанската компанија, но и за обвинувањата од опозицијата дека тој договарал мито.