Антикорупциска ги одби приговорите од ВМРО-ДПМНЕ


Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница ги одби петте приговори поднесени од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, како партија, учесник/организатор на изборна кампања.

Првиот приговор  е против  Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, другиот против градоначалник на општина Гази Баба, Скопје, а третиот против градоначалник на општина Шуто Оризари. Четвртиот приговор поднесен до ДКСК е против градоначалник на општина Кисела Вода, а петтиот против градоначалник на Град Скопје.