Антиќ ја екипираше ударната тројка во КФСМ: Гечевски спортски директор, Георгиевски генерален секретар


Доцна попладнево се одржа првиот состанок на новиот Управен одбор на Кошаркарската федерација на Северна Македонија.

Новиот претседател на КФСМ, Перо Антиќ, денеска го избра тимот на најблиски соработници со кои во следниот период ќе го водат мак-баскетот.

За нов спортски директор е избран Тодор Гечевски, а Владимир Георгиевски е нов генерален секретар на КФСМ.

Гечевски го зазема местото на Владимир Темелковски, додека Георгиевски е на местото на Моника Гавриловска. Темелковски и Георгиевска ги извршуваа функциите за време на мандатот на поранешниот претседател Петар Наумоски.

За потпретседател е избран Дејан Димов, поранешен кошаркар на МЗТ Скопје, додека назначувањето на Бали Саити за втор претседател чии задолженија ќе бидат финансиите и маркетингот е одложено до завршувањето на плеј-офот во домашното првенство, поради неговата функција во К.К. Гостивар.

По завршувањето на сезоната ќе се избере и Комесар за натпреварување, а таа функција најверојатно ќе ја преземе Лазар Гечевски, поранешен судија и делегат, додека одговорен за младинските лиги ќе биде Томче Дишлиев. Покрај нив, во кошаркарската „влада“ се најдоа и Ѓорѓе Војновиќ, Дејан Димов, Владимир Арсовски, Илија Мерџановски, Ненат Атанасов, Сашо Блажевски, Димитар Панчевски, Блаже Костадинов и Митко Ључев.