Анксиозност: Препознајте ги симптомите и научете како да си помогнете


 

Нападите на паника и анксиозност се се почести проблеми со кои се среќаваат луѓето во нашето општество. Анксиозноста како емоција е природна состојба, но присуството на неоснован страв е нефункционална емоција која го спречува нормалниот живот.

Пандемијата од Ковид-19 влијае на менталното здравје на населението ширум светот, па и кај нас. Стравот од зараза со корона вирус, намалените социјални контакти, карантионот и економската ситуација доведоа до тоа се повеќе луше да чувствуваат симптоми на анксиозност.

Анксиозноста е природен одговор на вашето тело на стрес, а претставува чувство на страв или задриженост од она што доаѓа. Прв ден во училипте, интервју за работа или одржување говор кај повеќето луше може да предизвикаат страв оло нервоза. Но, ако вашите чувства на анксиозност се екстремни, траат подолго од шест месеци и ви пречат во животот, може имате анскиозно нарушување.

Ианко не секогаш е јасна причината за појава на анксиозност, многу фактори може да доведат до тешкотија, а некои од нив се наследено однесување, околностите во детството, родители со критички став и големи барања, натрупан стрес, друга здравствена состојба, стимуланси и опојни дорги.

Но, постојат и фактори кои придонесуваат за одржување на анксиозноста како што се избегнување фобични ситуации, анксиозен внатрешен говор, искривени уверувања, потиснати емоции и друго.

Препознајте ги знаците на анскиозност

Анксиозноста често е емоција која е следена од телесни симптоми. Некои од најчестите се отежнато дишење, лупање на срцето, напад на паника, грчеви во стомакот, прекумерно потење, губење на апетитот и друго.

Анксиозноста може да трае од неколку секунди до неколку години, доколку симптомите на анскиозноста се јавуваат во подолг временски период , може да резултираат со анскиозно нарушување.

Повремената анскиозност е дел од животот. Може да се чувствувате загрижено и анскиозно кога ќе се соочите со некои проблеми. Но, анскиозното нарушување вклучува повеќе од повремени грижи и страв. Симптомите кои анксиозната личност ги доживува може да ја спречуваат во секојдневните активности како нееспозобност на работа, во училиште или воопшсто во односите со другите.

Постојат неколку видови анскиозни нарушувања, вклучително генерализирано анксиозно нарушување, панично нарушување и различни нарушувања поврзани со фобии.

Начини на самопомош

Анксиозните нарушувања се лекуваат со медикаментозна терапија, но се надминуваат и со различни видови психотерапија. Но, покрај терапијата од големо значење е и самопомошта, но и доколку анскиозноста ви се јавува повремено, добро е да се знае како да си помогнете.

За намалување на симптомите на анскиозноста физичката активност е многу важна, затоа секојдневно вежбајте или практицирајте јога. Исто така, важна е правилната исхрана, затоа внесувајте здрава храна, а намалете го кофеинот и алкохолот.

Доколку се борите со оваа состојба, важна е поддршката од околината, семејството и пријателите. Дружење со луѓе кои ви се драги е многу важно и добро ќе ви дојде.