Анри: Сите знаат кој ќе биде новиот француски селектор

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Тиери Анри нема сомнежи дека Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор на клупата на Триколорите по најавеното заминување на Дидие Дешан по Светското првенство следното лето.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали самиот размислува да се кандидира за селекторското место, Анри рече: „Не знам што да одговорам. Сите знаат кој ќе биде новиот селектор. Вие го знаете тоа, јас го знам тоа, му посакувам сè најдобро“.
Изјавата на Анри се совпаѓа со гласините, а според весникот „Екип“ постои широк консензус во рамките на Француската фудбалска федерација за кандидатурата на Зидан, иако федерацијата е претпазлива, велејќи дека е „прерано“ да се донесуваат одлуки, но уверува дека ќе бидат подготвени кога ќе дојде време.
Доколку информациите се потврдат, Зинедин Зидан ќе се врати на тренерската клупа пет години откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година.