Анонимуси пратија нова порака до Вучиќ: „Каде си Путинова кукло?“


Хакерската група Анонимуси пратија нова порака до српскиот претседател Александар Вучиќ. Анонимуси ја известија јавноста дека мнгоу се ангажирани и дека собрале меил адреси на стотици функционеи од различни министерства. Својата порака ја завршија со прашање до Вучиќ: „Еј, Путинова кукло, каде си? Уште со кучињата?!“, пишува Нова.рс

Анонимуси веќе кон крајот на декември една своја објава на Твитер ја посветија на Вучиќ. Тогаш објавија и видеозапис во кој покрај навредите и заканите зборуваат за случувањата на Косово.

„Забележавме дека српските криминални групи со тензии и военохушкачки провокации на северот на Косово се обидуваат да предизвикаат вооружен судир. Српскиот автократски претседател Александар Вучиќ, марионета на Владимир Путин, се обидува да го дестабилизира регионот со механизмите на насилство и теророт мна воениот злосторник Слободан Милошевиќ, но се знае дека неговите обиди беа самоубиствени“, порачаа Анонимуси кон крајот на минатата година.