Анкета: Секој втор Австриец сака работна недела од 30 часа

ВИЕНА, АВСТРИЈА Осамен фијакер во пешачката зона. Баровите и рестораните ќе бидат затворени од вторник

Речиси половина од вработените Австријци (49 отсто) сметаат дека работната недела треба да изнесува 30 часа, додека 23 проценти се за 35 часа, покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе порталот „karriere.at“.

Околу една петтина, односно 18 проценти, се изјасниле за актуелната работна седмица од 40 часа. За работна недела од 20 часа се изјасниле само 10 проценти од испитаниците. Меѓу работодавачите, дури 60 проценти гласале за работна недела од 30 часа, за актуелната, 40-часовна недела се само 12 отсто, додека намалување на 35 часа неделно поддржува секој петти работодавач.

– Корона-кризата направи многу работодавачи пофлексибилни, констатираше Томас Олбрих од karriere.at. Тој вели дека тоа што вработените сакаат покуса работна недела не значи дека не сакаат да работат, туку напротив, сакаат покрај главната работа да се занимаваат и со некои самостојни проекти.

На политичко ниво, лидерката на Социојалдемократската партија Памела Вагнер веќе подолго време се залага за работна недела од четири дена, што досега беше одбивано од Стопанската комора. – Тој модел е модерен, овозможува поголема флексибилност и за претприемачите и за вработените, аргументира таа.