Анкета: Повеќе од две третини од жителите на Белград се незадоволни од состојбата во главниот град

Повеќе од две третини од жителите на Белград, или 69 отсто, се незадоволни од состојбата во главниот град на Србија, покажува анкета на Центарот за локална самоуправа.
Анкетата во која учествуваа 13.231 лица беше спроведена онлајн од 22 април до 2 мај.
Меѓу анкетираните, 9.125 изјавиле дека се незадоволни од моменталната состојба во Белград, соопшти денеска Центарот за локална самоуправа.
Повеќе од половина од незадоволните граѓани (53,6 проценти) сметаат дека излезот од таквата ситуација е во вонредни избори во градот, 11,2 проценти сметаат дека треба да се воведе присилна администрација, додека 35,2 проценти посакуваат нова експертска градска власт наместо сегашниот градоначалник Александар Шапиќ.