Анкета на НДИ: Нема промена во рејтинзите на партиите
И според последното истражување на Националниот демократски институт ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред СДСМ со конфорна разлика. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,5 отсто, додека за СДСМ 13,9. Трет на листата е ДУИ со 6,2, па Беса со 3,6, по неа е Алијансата за Албанците со 3,2, Левица со 2,9, Движењето на Максим Димитриевски со 1,7 проценти.
Неодлучни кому ќе му го дадат гласот се дури 18,3 отсто, додека 8,5 отсто одбиле да одговорат.
Резултатите се од теренско истражување лице-в-лице од 13 до 24 април, нарачано од НДИ, со маргина на грешка +/-3,09 процентни поени на 95% ниво на доверба, големина на примерок од 1.003 испитаници на возраст од над 18 години. Истражувањето беше спроведено од ТИМ Институт и финансирано од Националната фондација за демократија.