Анкета на „Стратум“: СДСМ ќе победи, но не треба да прави коалиција со ДУИ


На ден пред истекувањето на законскиот рок за објавување анкети, Институтот за истражување и развој „Стратум РиД“ објави истражување на јавното мислење, според кое, коалицијата на СДСМ и Беса води пред ВМРО-ДПМНЕ, но разликата е многу мала, само два процентни поени. Освен тоа, најголемиот број од испитаниците се согласуваат со ставт дека СДСМ не треба да прави коалиција со ДУИ.

Според анкетата на „Стратум“, коалицијата на СДСМ и Беса би освоила 25 проценти од гласовите, а ВМРО-ДПМНЕ 23 отсто. Разликата е многу мала, но таа изгледа поголема кога на прашањето која партија сметата дека ќе победи на изборите за СДСМ се изјаснуваат 31, а за ВМРО-ДПМНЕ 27 проценти.

Во однос на другите партии за ДУИ би гласале 7 отсто, за коалицијата на Алијансата за Албанците и Алетрантива 5 отсто, за Левица 2  и за ДПА 1 отсто. И во оваа анкета бројката на оние што не одлучиле и ли одбиваат да одговорат е висока 11 и 10 отсто.

На прашањето, која партија според би заслужувала да прави влада, СДСМ пак е во водство пред ВМРО-ДПМНЕ со 26 наспроти 23 проценти. Интересно е дека само 2 отсто од испитаниците се согласиле на влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според образложението на „Стратум“ најголем број од испитаниците согласуваат со ставот дека СДСМ не треба да прави коалиција со ДУИ. Исто така, дури 71 отсто од испитаниците не се согласуваат со избор на премиер врз етничка основа.

Во евалуацијата на активностите превзеемени од политичките партии СДСМ е генерално попозитивно оценета од ВМРО-ДПМНЕ во однос на повеќето аспекти. ВМРО ДПМНЕ е исто оценето како СДСМ во областите на здравството, инфраструктурата и економијата.