Анкета на Ројтерс: Кина годинава со раст од само 2,2 отсто, поради пониската побарувачка и конфликтот со САД


До крајот на годинава се очекува континуирано закрепнување на кинеската економија како резултат на стимулативните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот, како и поради слабата глобална побарувачка и зголемените тензии САД – Кина, се вели во анкетата на „Ројтерс“ објавена во петокот.

Втората најголема светска економија се очекува да порасне 2,2 проценти во 2020 година, оценуваат половина од анкетираните аналитичари во истражувањето на Ројтерс, што е повеќе споредено со претходната проценка од истражувањето во април за раст од 1,8 проценти.

Таа стапка е најслаба од 1976 година, последната година на „Културната револуција“.

Кинеската економија порасна за 3,2 проценти во вториот квартал во однос на истиот период од претходната година, по рекордниот пад од 6,8 проценти во првите три месеци од оваа година. Причината е епидемијата на коронавирус и строгите мерки за ставање под клуч на економијата кои парализираа поголем дел од земјата.

Аналитичарите предупредуваат дека закрепнувањето во голема мера зависи од стимулациите на владата, додека потрошувачката останува слаба. Националниот расположлив доход по жител се намали за 1,3 отсто во првата половина од годинава, покажаа официјалните податоци.

Производството и градежништвото закрепнаа релативно брзо благодарение на големите стимулации во инфраструктурата и градењето куќи. Но, услужниот сектор заостанува бидејќи секторите угостителство и забава наидоа на тешкотии обидувајќи да се вратат на нивото пред пандемијата, како резултат на повторна појава во нови случаи на коронавирус и претпазливото однесување на потрошувачите.

Извозот до некаде се подобри, во голема мерка благодарејќи на силната глобална побарувачка за медицинска опрема, иако побарувачката се очекува таа побарувачка наскоро да ослабне.

Растот и натаму е неизвесен како резултат на ненадејното и нерамномерно отворање во другите земји, неповолното политичко опкружување и губење на силниот двигател на растот – потрошувачката и услугите, како резултат на зголемената неизвесност на пазарот на трудот“, велат аналитичарите на Банката на Америка, Мерил Линч.

Влошувањето на односите меѓу Вашингтон и Пекинг, исто така, ги влијае врз процените.

Во драматично влошување на односите меѓу двете земји оваа недела, САД побараа од Кина да го затвори својот конзулат во Хјустон под обвинение за „кражба на интелектуална сопственост“. Кина, во петокот, нареди затворање на американскиот конзулат во југозападниот град Ченгду.

Зголемените тензии меѓу САД и Кина, притисоците врз синџирите на снабдување и намалената перспектива за профит може да ги вознемират компаниите и да ја намалат трговијата и производствената активност“, вели економистот на УБС, Тао Ванг.

Иако економијата е во криза, кинеската централна банка во моментов не покажува потреба од натамошно олеснување на монетарната политика, но ќе гги задржи погодните услови за закрепнување, велат владини извори.

Аналитичарите очекуваат Кина до крајот на годината да ја намали својата едногодишна минимална каматна стапка (ЛПР) за дополнителни 10 основни поени на 3,75 проценти. Веќе е намалена за 46 процентни поени од минатиот август.

Во истражувањето се проценува дека нема промена во тековната референтна стапка на депозитите која остана непроменета од октомври 2015 година на 1,5 отсто.

Економската активност ќе продолжи да зајакнува со влегувањето во третиот квартал, додека намерата е со фискалната политика да се поттикнува активноста во преостанатиот дел од годинава“, вели Мартин Расмусен од „Капитал економикс“.

Ова може да и овозможи на централната банка да се откаже од олабавување и наместо тоа да се фокусира на финансиските ризици што се насобраа оваа година“, додаде тој.

Индексот на потрошувачки цени на Кина (ЦПИ) во 2020 година, најверојатно, ќе порасне за 2,7 проценти во однос на претходната година, што е забавување во однос на растот од 2,9 проценти во 2019 година, покажа истражувањето.

Аналитичарите предвидуваат повисоки цени на храната во наредните недели, бидејќи се очекуваат порои и поплави во поголемиот дел од земјата, но веруваат дека влијанието веројатно ќе биде краткотрајно.