Анкета на „Фокус“: На Мицкоски му паѓа рејтингот по дуелот со Груевски
Според анкетата на „Фокус“, Ковачевски има највисок рејтинг помеѓу политичарите
Последната анкета на „Фокус“ покажува дека поранешниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се уште има подобар рејтинг и е поомилен кај нивните гласачи од сегашниот претседател, Христијан Мицкоски.
Груевски е омилен кај 11,1 отсто од избирачите, додека Мицкоски има поддршка од 10,5 отсто. Дури и шест години по преземањето на претседателското столче во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не успева да го надмине рејтингот на својот претходник.
Оваа анкета е прва која излегува по внатрешниот раздор во опозициската партија во кој Мицкоси и Груевски преку медиумите и социјалните мрежи влегоа во отворена битка. Очигледно ваквиот внатрешен раздор се пресликува и во јавноста, но и има ефект врз рејтингот и стабилноста на партијата на политичката сцена.
Анкетата на „Фокус“ покажува дека големите поделби во ВМРО-ДПМНЕ ја ослабнаа партијата и го намалуваат нејзиниот партиски рејтинг.
Од друга страна, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски за неполни две години од почетокот на неговиот политички ангажман станува најпопуларен политичар во земјава. Според анкетата на „Фокус“, Ковачевски има највисок рејтинг помеѓу политичарите што се должи на резултатите од справувањето со економската и енергетската криза.
Според резултатите од анкетата, Ковачевски е омилен политичар на 12,8 отсто од испитаниците, со што е попопуларен од Груевски и Мицкоски, кои имаат 11,1 и 10,5 отсто поддршка од граѓаните.