Анкета: Американците не му веруваат на Tрамп околу корона вирусот


Малкумина Американци му веруваат на претседателот Доналд Трамп кога станува збор за пандемијата на корона вирусот, според новото истражување, а помалку од половина од испитаниците веруваат дека сојузната влада презема доволно чекори за борба против јавната здравствена криза.

Анкетата за NPR /PBS NewsHour / Marist објавена во вторникот покажува дека само 37 проценти од анкетираните имаат „делумна доверба“ или „голема доза на доверба“ во информациите што ги слушаат од претседателот за корона вирусот, додека 60 проценти велат дека „не веруваат доволно“ или „не веуваат целосно“ на зборовите на Трамп на оваа тема.

Меѓу анкетираните, довербата во претседателот во однос на корона вирусот е пониска од другите истакнати извори на информации, вклучително и медиумите, државните и локалните власти и експертите за јавно здравје.

Резултатите од анкетата следуваат откако Белата куќа неколку недели ја минимизираше заканата од корона вирусот за САД, дури и кога службеници за јавно здравје во рамките на администрацијата алармираа за ризикот во земјата и предупредуваа на брзо пренесување.