Анкара: 13,5 милиони луѓе беа погодени од земјотресот


Фото: Гардијан

Турција– Според владините податоци, повеќе од 13 милиони луѓе во Турција се погодени од катастрофалниот земјотрес што го погоди пограничниот регион меѓу Турција и Сирија.

„Овој земјотрес директно погоди 13,5 милиони наши граѓани“, рече министерот за урбанизам, Мурат Курум.

Спасувачката работа продолжува, рече тој.

Некои патишта се непроодни и се работи на нивно подобрување. Во некои области нема вода, рече тој, а се прават напори што поскоро да се санираат штетите и да се снабдат луѓето со вода.

„Страдањето е неописливо“, рече тој, додавајќи дека секој час е скапоцен.

Тој се обидува да ги охрабри граѓаните нагласувајќи дека во претходните земјотреси луѓето се спасувале и по 100 часа.