Англиканската црква има нов бизнис: Немаме проблем со марихуаната која се користи во медицински цели

Англиканската црква направи голем исчекор во своите ставови и го промени својот однос кон марихуаната, па така одлучи да започне сопствен бизнис на одгледување и производство на таа билка.

Црквата, имено, располага со инвестициски буџет од 12,6 милијарди фунти, што е нешто помалку од 15 милијарди евра, а своите вложувања ќе ги ограничи исклучиво на медицинската марихуана.

Инвестирањето во производството, дистрибуцијата и продажбата на рекреативна марихуана, односно „трева“, за англиската црква и понатаму останува табу тема. Од црквата, по тој повод, се огласија со соопштение:

„За нас постои разлика помеѓу медицинската и рекреативната марихуана. Немаме проблем со марихуаната која се користи во медицински цели“, изјави главниот човек за вложувања на Англиканската црква Едвард Мејсон.

Во Велика Британија, од октомври минатата година, дозволена е употребата на канабис во медицински цели и пациентите можат да ја добијат на рецепт.

Во поедини држави од светот канабисот им се припишува на пациентите кои болуваат од тешки болести како што се ракот, сидата, мултипла склероза, повреда на ‘рбетниот мозок и епилепсија.

Лекарите во Велика Британија по првпат имаат можност на пациентите кои трпат силни болки да им пропишат производи кои содржат канабис.