Англија ја совлада Австралија и закажа финале со Шпанија на Светското првенство за фудбалерки


Репрезентацијата на Англија ќе игра во финалето на Светското фудбалско првенство за жени, откако попладнево во второто полуфинале ја совладаа селекцијата на Австралија со 3:1.

Головите за победничката екипа ги постигнаа Ела Тун 36. минута, Лорен Хемп во 71. минута и Алесија Русо во 86. минута. Кодомаќинот на шампионатот се израдува на изедначување на резултатот по голот на Саманта Кер во 63. минута.

Во своето прво мундијалско финале Англичанките ќе се соочат со репрезентацијата на Шпанија.

Натпреварот за трофејот на женското Светско првенство за фудбалерки е закажан за в недела (20 август) од 12 часот во Сиднеј.

Претходно, на 19 август од 10 часот во мечот за третото место ќе се соочат Шведска и Англија.