Англичаните тврдат: Целото Европско првенство ќе се игра во Велика Британија!?


„Дејли меил“ тврди дека УЕФА и Англиската фудбалска асоцијација (ФА) водат преговори за потенцијално префрлање на целиот турнир во Велика Британија, а натпреварите би се играле во Англија, Шкотска и Велс.

Велика Британија би можела да биде домаќин на Европското првенство во фудбал следната година, објави „Дејли меил“, пренесува „Дневник“.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) продолжува да инсистира ЕУРО да се одржи во 12 градови низ Европа следното лето, но сè повеќе се зголемуваат стравувањата дека тоа ќе биде невозможно, па затоа се истражуваат алтернативи на пандемијата Ковид-19.

„Дејли меил“ тврди дека УЕФА и Англиската фудбалска асоцијација (ФА) водат преговори за потенцијално пренесување на целиот турнир во Велика Британија, а натпреварите би се играле во Англија, Шкотска и Велс.

Пред неколку дена, француски Ле Паризиен објави дека ЕУРО ќе се одржи во Русија следното лето. Русија одлично го организираше Светското првенство во 2018 година. Сепак, мислењата се разликуваат за реалната здравствена состојба во земјата, а бројките дадени од Кремљ редовно се преиспитуваат.

ЕУРО треба да се одржи во 12 земји, а градови-домаќини се Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петербург.

УЕФА истакна дека има намера да го одржи ЕП во градовите и стадионите во согласност со претходните најави и најавените подготовки.

„Неизвесностите што ги носи состјбата со корона вирусот не можат да бидат предвидени или контролирани од страна на УЕФА или од локалните власти. Рано е да се каже дека ќе има какви било ограничувања на организацијата или присуството на навивачи во јуни или јули. Ако има потреба да ги менуваме плановите, ќе го сториме тоа, но сега нема индикации или промени во локациите на шампионатите“, објави неодамна УЕФА.