Skip to content
28/10/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Анѓушев: Економијата на прав пат, растот поддржан од реални мерки, без задолжување на државата

03/11/2019 13:02

Годинава како никогаш досега се издвоени средства за поддршка на економијата, вкупно 55 милиони евра или 37 проценти повеќе од лани кога беа проектирани 40,7 милиони, а резултатите се конкретни и видливи. Бројките покажуваат 3,6 отсто раст на БДП во првата половина од 2019-та, 5,5 отсто раст на индустриското производство, 14 проценти раст на извозот и 17,5 отсто раст на вработувањата, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Образложувајќи ги ефектите од Законот за финансиска поддршка на компаниите донесен минатата година, Анѓушев напомена дека домашната економија е на прав пат. Растот е поддржан од реални, не од виртуелни проекти и без какво било задолжување на државата. Јавниот долг и натаму, истакна, е во рамки на 48 и 50 отсто, како што беше во 2017 година.

Законот, потсети вицепремиерот, годинава претрпи измени за да ги опфати и компаниите од ИТ, земјоделскиот и градежниот сектор, како и сите што решиле да воспостават производство, а еднакво ги третира домашните и странските инвеститори. На заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши во Владата, соопшти дека досега договори за државна помош потпишале 171 компанија или 120 нови, ако се земе предвид фактот дека лани оваа бројка била 97.

-Овие компании прават петгодишни планови и имаат најавено 230 милиони евра инвестиции од кои 110 милиони се веќе реализирани. Имаат најавено и 4.577 нови вработувања од кои досега се отворени 2.117. Многу е важно што домашните компани почнаа да веруваат во овој Закон и да аплицираат. Законот е за поддршка на индустријата и индустријализацијата на државата, подвлече Анѓушев според кој, до 2017 година инвестициите беа во трудоинтензивни дејности, а сега се во капитални. Тоа подразбира вработување високоедуцирани кадри и високи плати чија почетна сума го надминува македонскиот просек.

Помошта е дисперзирана, ја добиваат компании низ целата држава, има рамномерен регионален пристап што придонесува за генерален развој.

На новинарско прашање дали можеби учествувал во одлуката за враќање на прогресивното оданочување и дали како човек кој има удел во многу компании штити бизнис интереси, Анѓушев беше дециден.

-Апсолутно не. Министерството за финансии ги правеше анализите, јас ги видов на владина седница кога беа разгледувани. Немав никакво влијание во делот на носењето на оваа одлука, нагласи вицепремиерот.

Во врска со реакциите на претходниот министер за финансии Драган Тевдовски и неговиот советник Бранимир Јовановиќ, не кажа ништо. Само рече дека секој има право да коментира и дека економијата треба да се води врз основа на реални бројки, а нив ги објаснија министерката и премиерот.

ReplyForward


Поврзани содржини

Филипче најави амандмани на ребалансот на буџетот: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра
28/10/2026 12:10
Вложувањето во здрави и безбедни работни места е инвестиција, а не трошок, вели Дурмиши
28/10/2026 12:10
Енергетиката не е само производство и потрошувачка на енергија, туку и прашање на конкурентност и технолошки развој
28/10/2026 12:10
Над 3,6 милиони патници на македонските аеродроми за неполни десет месеци
28/10/2026 12:10

(Во живо) Промоција на мобилната апликација „м.Услуги“
28/10/2026 12:10
Николоски и пред германските компании во земјава го предочи проблемот на транспортерите, побара да лобираат кај нивните власти
28/10/2026 12:10
Одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа
28/10/2026 07:10
Пратениците во Франција не изгласаа продолжување на дополнителниот данок на добивка на големите компании
28/10/2026 07:10

Најчитани


  • Вучиќ призна пораз: „Овие избори ги изгубивме“
    25/10/2026 21:45
  • Никола Груевски пак снимен во елитен ресторан во Будимпешта
    22/10/2026 11:17
  • Македонската Воена академија прими шест босански питомци и 34 македонски
    22/10/2026 13:48
  • Олигарх многу близок до Виктор Орбан ќе го гради автопатот Букојчани – Кичево
    22/10/2026 12:30
  • Радев предлага само еден учебник по историја. Историчарите тоа го нарекоа „чекор кон авторитаризам“
    22/10/2026 16:12
  • Кои се луѓето што го победија Вучиќ?
    26/10/2026 12:42

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење