Skip to content

12/03/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Анѓушев: Економијата на прав пат, растот поддржан од реални мерки, без задолжување на државата

03/11/2019 13:02

Годинава како никогаш досега се издвоени средства за поддршка на економијата, вкупно 55 милиони евра или 37 проценти повеќе од лани кога беа проектирани 40,7 милиони, а резултатите се конкретни и видливи. Бројките покажуваат 3,6 отсто раст на БДП во првата половина од 2019-та, 5,5 отсто раст на индустриското производство, 14 проценти раст на извозот и 17,5 отсто раст на вработувањата, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Образложувајќи ги ефектите од Законот за финансиска поддршка на компаниите донесен минатата година, Анѓушев напомена дека домашната економија е на прав пат. Растот е поддржан од реални, не од виртуелни проекти и без какво било задолжување на државата. Јавниот долг и натаму, истакна, е во рамки на 48 и 50 отсто, како што беше во 2017 година.

Законот, потсети вицепремиерот, годинава претрпи измени за да ги опфати и компаниите од ИТ, земјоделскиот и градежниот сектор, како и сите што решиле да воспостават производство, а еднакво ги третира домашните и странските инвеститори. На заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши во Владата, соопшти дека досега договори за државна помош потпишале 171 компанија или 120 нови, ако се земе предвид фактот дека лани оваа бројка била 97.

-Овие компании прават петгодишни планови и имаат најавено 230 милиони евра инвестиции од кои 110 милиони се веќе реализирани. Имаат најавено и 4.577 нови вработувања од кои досега се отворени 2.117. Многу е важно што домашните компани почнаа да веруваат во овој Закон и да аплицираат. Законот е за поддршка на индустријата и индустријализацијата на државата, подвлече Анѓушев според кој, до 2017 година инвестициите беа во трудоинтензивни дејности, а сега се во капитални. Тоа подразбира вработување високоедуцирани кадри и високи плати чија почетна сума го надминува македонскиот просек.

Помошта е дисперзирана, ја добиваат компании низ целата држава, има рамномерен регионален пристап што придонесува за генерален развој.

На новинарско прашање дали можеби учествувал во одлуката за враќање на прогресивното оданочување и дали како човек кој има удел во многу компании штити бизнис интереси, Анѓушев беше дециден.

-Апсолутно не. Министерството за финансии ги правеше анализите, јас ги видов на владина седница кога беа разгледувани. Немав никакво влијание во делот на носењето на оваа одлука, нагласи вицепремиерот.

Во врска со реакциите на претходниот министер за финансии Драган Тевдовски и неговиот советник Бранимир Јовановиќ, не кажа ништо. Само рече дека секој има право да коментира и дека економијата треба да се води врз основа на реални бројки, а нив ги објаснија министерката и премиерот.

ReplyForward


Поврзани содржини

Управата за јавни приходи го зајакнува пристап во управувањето со даночните долгови
12/03/2026 16:03
Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот од Договорот за автопатот Кичево – Охрид за дополнителни 186 милиони евра
12/03/2026 15:03
Конференција на ЕБОР за жените во енергетскиот сектор: Не е само прашање на еднаквост, туку стратегиска потреба
12/03/2026 14:03
Богатството на Доналд Трамп се зголеми на 6,5 милијарди долари
12/03/2026 13:03

Од каде доаѓа светската нафта?
12/03/2026 13:03
Две награди за „Фешн груп“: Ова се најдобрите е-продавници за 2025
12/03/2026 12:03
Глобалната недела на парите 2026 година: „Разговори за паметно управување со парите“
12/03/2026 12:03
Прв бизнис семинар за јапонската и македонската бизнис заедница (фото)
12/03/2026 12:03

Најчитани


  • Почнаа редици на бензинските пумпи: Од утре еден резервоар со дизел ќе чини 725 денари поскапо (видео)
    09/03/2026 14:23
  • Колку добива државата од литар продаден бензин и дизел?
    09/03/2026 17:30
  • Амбасадорот Габер до министерот Николоски: „Не откажувајте се од тунелот кај Гостивар. Тој се гради еднаш во векот“
    10/03/2026 11:54
  • Саудиска Арабија предупредува на „катастрофа“ ако Ормутскиот теснец остане затворен
    10/03/2026 15:51
  • Средното полициско образование се возобновува по 26 години, ќе се запишат околу 200 ученици, МВР со инвестиции во Центарот за обука
    07/03/2026 10:40
  • Алармантно: Дубаи има свежа храна само уште 10 дена, парите сега не им помагаат
    06/03/2026 20:02

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење