Skip to content
12/10/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Ангеловска: За побрз економски раст повеќе жени на раководни позиции

20/10/2019 09:07

Бројот на вработени мажи во Република Северна Македонија е повисок за над 150 илјади во однос на вработените жени, додека жените учествуваат со поголем процент во неактивното население. Само 2,6 проценти од жените се работодавачи во земјава. Поактивното вклучување на жените во деловниот сектор и на раководни позиции, ќе придонесе за побрз економски раст и одржлив развој, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на панелот од високо ниво „Паметна родова економија“, кој се одржува во рамки на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

– Знаеме дека жените ширум светот се пообразовани од мажите. Исто така, знаеме дека жените низ целиот свет се помалку активни во деловниот сектор. Имаме многу мал процент на бизниси што ги водат жени. На пример, во Северна Македонија само 2,6 проценти од жените се работодавачи. Исто така, имаме поголем удел на мажи кај вработеното население, додека поголем удел на жени кај неактивното население. Мислам дека ако можеме да ги охрабриме жените да бидат поамбициозни, да се стремат кон повисоко, тогаш ова ќе биде важен фактор за економски раст. За да нашите економии се развиваат, многу е важно да вклучиме повеќе жени на лидерски позиции, рече Ангеловска, соопшти Министерството за финансии.

На панелот говореа и министерката за финансии и економија на Албанија Анила Денај, извршната директорка на Агенцијата за развој на Франција Реми Ру и заменик директорката на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија Катерина Матернова.

Модератор на настанот беше директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер. Таа истакна дека само 17 проценти од имотите во Северна Македонија се поседувани од жени или имаат жени косопственици и оти ситуацијата е слична во другите земји на Западен Балкан, како и дека овој податок не се должи на законска регулатива, туку на социјални норми.

ReplyForward


Поврзани содржини

„Тинекс“ останува „Тинекс“! Проекс Интернационал отвора ново поглавје
11/10/2026 11:10
Поднесени над 800 иницијативи за енергетски објекти – со закон се овозможува поддршка
11/10/2026 10:10
Градежните работи во Германија поскапеа најмногу од 2023 година
10/10/2026 19:10
Германски Рајнметал купи романско бродоградилиште за 138 милиони евра
10/10/2026 15:10

Не постои владина потрошувачка кошничка, вели Мицкоски. Имало минимална и просечна 
10/10/2026 13:10
Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг останува во рамки на проектираното, еврообврзницата в година може да се реализира во два дела
10/10/2026 10:10
ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје
10/10/2026 10:10
Минералното богатство на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 година
10/10/2026 10:10

Најчитани


  • Кос му предложи на Советот на ЕУ да ги укине ветата во процесот на проширување
    06/10/2026 17:40
  • Украина поставува услов за членство во ЕУ со Брисел. „Не можеме да се согласиме со тоа“
    06/10/2026 20:53
  • Петрова побарала „временска рамка“ до кога Македонија ќе го исполни условот од ЕУ
    08/10/2026 15:42
  • Скопското Кале добива нов лик, музеите ќе бидат дел од понудата за „Скопје 2028“,
    10/10/2026 14:42
  • Од “Питијада”до “Дипломатско котле” и гастрономски мастер-класови: Велес ги спојува традицијата и светската кујна
    09/10/2026 10:59
  • Кос: Нема да принудуваме никого да биде земја членка на ЕУ
    07/10/2026 11:11

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење