Ангеловска: Исплатени 14,3 милиони евра преку мерката 14.500 денари по вработен

За екстра лесното гориво пристапот не е анти-кризна мерка туку системско и долгорочно решение: Нина Ангеловска

Преку мерката 14.500 денари по вработен исплатени се над 14,3 милиони евра на 10.103 фирми, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

-Управата за јавни приходи ги доставува барањата до Генералниот секретаријат, кој префрла средства до компаниите. Забрзано се работи кон сервисирање на сите одобрени апликации. Преку оваа мерка ќе се зачуваат работните места во фирмите погодени од Ковид-19 кризата, а воедно ликвидносно ќе се помогне и стопанството, наведува Ангеловска.