Ангелов: Заврши времето кога безгрижно си кршев ќерамиди со глава, сега го водам Кризниот штаб


Стојанче Ангелов, кој од синоќа раководи со Главниот штаб за управување со кризната состојба во земјата, на социјалните мрежи напиша дека завршило времето кога безгрижно си кршел керамиди со глава.

„Почитувани ФБ пријатели! Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19“, напиша Ангелов, кого неодамна владата го постави за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Ангелов ги повика граѓаните заради поуспешна работа на Главниот Штаб, своите конструктивни идеи, забелешки, совети и критики да ги напишат на ФБ страната на Центарот за управување со кризи.

Денеска на седница на Кризниот штаб треба да се разгледа Нацрт-акцискиот план за борба против пандемијата што го изготвува Центарот за управување со кризи (ЦУК).