Ангелов: Состојбата со пожарите се влошува, внимателно да не предизвикате пожар!


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека состојбата со пожарите повторно се влошува и апелира до граѓаните да бидат внимателни да не предизвикаат пожар.

„Состојбата со пожарите на отворен простор повторно се влошува. Апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар. Доколку забележат сомнително поведение молам веднаш да пријават на 112 или на некој другар, пријател или познаник кој информацијата ќе ја пренесе во МВР“,вели Ангелов.

Според информациите на ЦУК во текот на вчерашниот ден, имало вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола се 3 и изгаснати се 29.

Активни се пожарите во општините Чашка, Студеничани, Штип и два пожари во општина Дебар. Под контрола се ствавени пожарите во општините Охрид, Желино и Ново Село. Во изминатото деноноќие изгаснати се 29 пожари и тоа, четири во општина Прилеп, по два во општините Јегуновце, Центар Жупа, Гостивар, Бутел, Чучер Сандево, Сарај и Петровец и по еден пожар во општините Теарце, Ново Село, Кичево, Велес, Гази Баба, Шуто Оризари, Студеничани, Босилово, Долнени, Битола и Куманово.