Ангелов: Годинава снегот нема да нѐ изненади


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека како држава сме подготвени за престојната зимска сезона и за врнежите од снег.

Денеска имаше координативен состанок за чистење на снег од патиштата и помагање на жители во завеани региони, на кој присуствуваат претставници на УХМР, МВР, ЈПДП, ДЗС, Министерство за локална самоуправа, Железници, АД Водостопанство, преставник на ЗЕЛС и МЕПСО…

Тој апелираше до граѓаните, како што вели, да ги раздвојат фактите од вообичаените мислења на социјалните мрежи секоја година дека „снегот повторно ги изненади“ надлежните.

-Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени. Капацитетите на ЈПДП и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно подготвени. Бројот на камиони е доволен за територијата и патиштата, рече Ангелов на прес-конференција.

Граѓаните речиси секоја зима се жалат дека снегот ги изненадува надлежните институции и дека имаме нерасчистени улици и патишта низ државата.