Ангела Василевска е новата претседателка на УСС УКИМ

Ангела Василевска е новата претседателка на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. таа беше избрана вчера, на втората седница на УСС УКИМ.
Василевска е студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), трета година на студискиот смер Примена на информациски технологии.
Мандатот на новоизбраната претседателка, заедно со мандатот на новиот состав на делегати, официјално започнува на 1 ноември.
Василевска ќе го замени досегашниот претседател Александар Николовски кој на чело на Собранието беше две години.