Андријана Илиоска е прва придружничка на NEXТ WORLD TOP MODEL во Бејрут


Македонската убавица Андријана Илиоска е избрана за прва придружничка на изборот NEXТ WORLD TOP MODEL за 2020 година,  во Бејрут, Либан, со учество на околу 40 модели од целиот свет.

Лиценцата за Македонија за овој избор ја поседува Модното студио Црнокрак кое во Либан ја искористи можноста за средби и договори со скаути од целиот свет кои присуствуваа на финалето за ангажирање наши модели во разни интернационални модни агенции.

Победничка на изборот е Русинката Јулија Павликова.