Андреј Ковачев не разбира зошто во Македонија не сакаат да се промени уставот
Навистина ми е несфатливо која е неможноста или неподготвеноста на Македонија, а особено на тамошната опозиција, да ги внесе Бугарите во својот устав, изјави европратеникот од ,ГЕРБ Андреј Ковачев, во разговор за софискиот медиум „Дневник“.
Тој тврди дека Европската унија и САД направиле сѐ за да ја поддржат интеграцијата на Северна и почетокот на нејзините преговори за членство во ЕУ. „Од наша страна има гестови на добра волја за да можат и тие да тргнат на патот на евроинтеграциите и да ја надминат носталгијата, инерцијата од времето на Титова Југославија“, изјави тој.
Според Ковачев, не постои начин сите земји од Западен Балкан да можат истовремено да влезат во ЕУ. „Сите мислиме дека најлесно ќе биде да се интегрира Црна Гора во Европската унија, потоа се преговорите со Албанија. Се надевам дека доколку има политичка желба во Скопје за промени, ќе почнат и тие преговори. Се надевам дека ќе се најдат прифатливи решенија за признавање меѓу Приштина и Белград. За да не ги очајува граѓаните на овие земји, Европската унија мора да им се отвори за различни проекти, програми и иницијативи“, рече Ковачев.
За „Дневник“ зборуваше и известувачот за Македонија на Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Тое е поумерен во зборовите. Со големо разбирањеуваме кон севкупната дебата во Македонија. Дебатата за промена на кој било устав не е лесна работа. Се сеќаваме кога требаше да го смениме бугарскиот устав непосредно пред да влеземе во ЕУ, колку тешки дебати имаше за бугарската земја“, нагласи Ќучук.