Андреј Ковачев го обвинува Петков дека ќе извршел „национално предавство“
Се редат нападите против бугарскиот премиер Кирил Петков откако вчера објави дека можно е наскоро да биде крената блокадата на Софија и дека има напредок во работата на Историската комисија.
Се јави и европратеникот на ГЕРБ, Андреј Ковачев, кој го обвини премиерот дека ќе извршел „национално предавство“.
„Петков е апсолутно неподготвен, не ја разбира темата, очајно е површен и е подготвен да изврши национално предавство“, изјави Ковачев, како што пренесуваат бугарските медиуми.
Ковачев додава: „За каква експедитивност од бугарска страна зборува Петков, за какви малцинства зборува овој човек, какви меморандуми ќе потпише, каков напредок има направено Историската комисија, дали МНР учествува во преговорите или е изолирано, кој воопшто ‘преговара’“. Ковачев тврди дека Петков можел да ѝ направи голема штета на Бугарија: „Во Скопје станале страшно дрски, бидејќи Петков ги уверил дека ќе ги пушти“.