Андреј Ковачев бара Софија да ги „заштити честа и угледот на Бугарката Сања Божиновска“
Сагата околу бугарското државјанство на министерката Сања Божиновска добива нови епизоди. Во неа се вмеша и европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев, која побара од бугарските власти да ги „заштити честа и угледот на Бугарката Сања Божиновска“, бидејќи во Македонија била изложена на јавен линч затоа што се декларирала како Бугарка кога ги поднесувала документите за да извади бугарски пасош.
Ковачев на својот Фејсбук профил да бидат заштитени правата и на нејзиното семејство, но и на сите граѓани на Македонија што се изјасниле дека имаат бугарско потекло и се определиле како Бугари.
„Божиновска и нејзиното семејство, заедно со уште 150 илјади граѓани на РСМ се стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско етничко потекло и изјавиле дека се чувствуваат како Бугари. Покрај неа, има и десетици други поранешни и актуелни премиери, министри и заменици што самите или заедно со семејствата се во иста ситуација на најголемиот прекршок – да се Бугари“, вели Ковачев.
Според него, очигледно е дека за да ги задржат функциите тие се „приморани да ја кријат својата бугарска самосвест и потекло, а често таквите дури и ја клеветат Бугарија, само да не бидат осомничени дека се Бугари“.
„Без да ги оправдам, донекаде и ги разбирам. Тие се обидуваат да преживеат по секоја цена. Иако се формално на високи позиции, тие како и други десетици илјади Бугари таму се жртви на антибугарска пропаганда и омраза, останати од времето на комунизмот и Титова Југославија, кои денес станаа главна државна идеологија и политика“, пишува бугарскиот европратеник.
Тој оди и чекор понатаму и ги повикува пратениците од идното собрание со измени во законот за државјанство да се направи регистер на имиња на сите оние што се стекнале со бугарско државјанство, но и да се олесни стекнувањето на државјанството на оние коишто отворено го декларираат своето бугарско потекло и бугарскиот етнички идентитет.
Сња Божиновска порано изјави дека аплицирала и добила бугарски пасош од „економски причини“, како и многу други Македонци.