Андреа Бочели за Велигден ќе пее во празна катедрала во Милано


Италија– Италијанскиот тенор Андреа Бочели в недела на Велигден ќе настапи во катедралата во Милано, која ќе биде празна, а настапот ќе се пренесува преку Јутуб.

„Пред неколку дена го повикав Бочели. Тој потврдно одговори: значи дека ќе биде во Милано за Велигден во 19 часот во празната катедрала, тој ќе пее церемонијална музика“, најави градоначалникот на Милано, Џузепе Сала.

Градоначалникот истакна дека катедралата во Милано ќе биде празна, но преку директниот пренос неговиот глас ќе го слушне целиот свет.

Италија е држава со најголем број починати од коронавирусот – 16.523, со повеќе од 132.000 заразени.