Андоновски на средба со претставници од стопанските комори и приватниот сектор

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска во Владата се сретнал со претставници од стопанските комори и приватниот сектор, во соработка со организацијата „Македонија 2025”.
Како што информираат од Министерството за дигитална трансформација, на средбата пред присутните Андоновски ги нагласил заложбите на Владата за дигитализација на административните услуги кои се однесуваат пред се на бизнисот, а имаат за цел да ги олеснат бирократските процедури и да го забрзаат процесот на еконосмки раст и развој на земјата.
-Поддршката и развојот на приватниот сектор е клучна за развојот на Македонија. Дигитализацијата е предвесник на економскиот бум, затоа наша главна цел е дигитализација на државните, но и на приватните институции, истакна Андоновски.
Како што наведуваат од Министерството, претставниците од бизнис секторот имале можност да ги споделат своите искуства од соработката со институциите, но и да дадат свои предлози и забелешки во процесот на забрзување на услугите од страна институциите кон стопанството и граѓаните.