Арсовска повторно не се појави на денешната седница за советнички прашања


Градоначалничката Данела Аросвска, денеска повторно ја нема на седницата за советнички прашања. Советниците прашуваат до кога ќе закажуваат седници без да има кому да ги постават прашањата.

На градоначалничката ѝ забележуваат советниците од сите политички партии.

– И ова не е само денеска, а како што видовте и денеска, овој совет изгласа дневен ред со единствена точка на дневен ред, поставување на советнички прашања, во превод тоа би значеле прашања од граѓаните кои што дошле до нас како советници и сега на нас е редот да ги поставиме до градоначалникот. Бидејќи повеќе од граѓаните имаат прашање до градоначалникот токму, ние бараме тој градоначалник да е присутен тука и да се соочиме со него, т.е тој да се соочи со прашањата на граѓаните, а граѓаните од другата страна кој што во моментот ја следат седницата да ги слушнат одговорите на нивните реални прашања за нивните реални потреби, реални проблеми со кои што се соочуваат. Но, ние за жал и денеска како и ред месеци не можеме да обезбедиме присуство на градоначалничката да ни одговори на овие прашања, рече Марија Андоновска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновска на крајот од своето обраќање исто така запраша на кого тие како советници ќе постават прашања, ако таа што и е местото денеска да одговори на граѓаните, не е овде.

– На кого да поставиме прашања, ако таа каде што и е местото денеска да одговара пред граѓаните, не е. Јас навистина не знам како може да биде лидер на партија, а да не сака да дојде да одговори на граѓаните, навистина не ми е јасно, така да од лидерот нема ни „Л“, додаде Андоновска.

Љубица Јанчева од СДСМ истакна дека нивните прашања се однесуваат на градоначаката, па присутните директори на јавните претпријатија не би биле во можност да ги одговорат, затоа рече дека би ја напуштиле седницата.

Претседателот на Советот, Трајко Славевски, во вакви услови реши да ја прекине седницата и ја презакажа за следниот четврток на 22 февруари.