Анчелоти позитивен на корона вирус


 

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти заразен е со корона вирус, објави Кралскиот клуб на своите официјални страници.

„Нашиот тренер Карло Анчелоти доби позитивен резултат на тестирањето за Ковид-19“, пишува во соопштението од клубот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Селта и Виго, а прашање е дали ќе биде на клупата во мечот против Челзи кој се игра наредната среда во рамки на Лигата на шампиони.

Анчелоти добил позитивен тест утрово, по доаѓањето ан тренинг.

Реал во моментот е лидер во шпанската Ла Лига со освоени 66 бода, девет повеќе од Севиња и  Барселона која заостанува 12 бода и натпревар помалку.

Оваа сезона остварија 20 победи, шест ремија и три порази, а во последното коло пред паузата доживеаја тежок пораз од Барселона со 4:0.