Анчелоти: Бразил не го освоил Светското првенство 24 години, дојде време


Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, смета дека е дојдено времето „Кариоките“ да  се искачи на врвот на светскиот трон. 

– Сакаме да бидеме интензивни, сигурни во одбраната и брзи во поседот на топката. Балансот е фундаментален. Веќе имам претстава за составот кој ќе игра на Светското првенство во 2026 година. Најголемата грешка би била да се избере погрешен тим од 25 луѓе. Постои квалитет, но најважно е силата на тимот. Бразил не го освоил Светското првенство 24 години. Дојде време. Одговорноста е огромна, но мотивацијата на целата земја исто така може да биде важна, изјави Анчелоти за тамошните медиуми.

За изоставувањето на Нејмар од репрезентативниот тим Анчелоти смета дека тоа е правилна одлука.

– Ова е техничка одлука, која не е диктирана од физичките проблеми на играчот. Ова е одлука заснована на неколку фактори. Никој не може да го спори талентот на Нејмар, но пред сè, ја проценуваме неговата физичка состојба и состојбата на останатите играчи. Конкуренцијата е огромна, имаме најмалку 70 играчи кои можат да се борат за место во националниот тим, додаде Анчелоти.

Бразилската репрезентација веќе го обезбеди своето место на Светското првенство во 2026 година. 

Овој месец Бразилците ќе играат против Чиле и Боливија во последните натпревари од квалификацискиот турнир. Натпреварите ќе се одржат на 9 и 14 септември.