АНБ слави една година, Димовски се пофали со целосен дисконтинуитет со УБК


Направивме целосен дисконтинуитет со состојбата во минатото, Агенцијата работи целосно во согласност со уставот и законите, порача денес на прес конференција директорот на Агенцијата за национална безбедност, или македонското ФБИ, Виктор Димовски. ПФормирањето на Агенцијата беше последниот чекор во реформирањето на безбедносните служби, додаде премиерот Зоран Заев, додавајќи дека тој чекор бил неопходен откако безбедносните служби беа злоупотребени за поединечни, лични и групни интереси во претходниот период.

-Сп формирањето на ОТА се разби монополот и концентрацијата на мож во УБК и сега новата Агенција работи целосно во согласност со Уставот и законите, како што доликува на земја членка на НАТО, рече Заев на прес конференцијата посветена на првата годишнина од АНБ.

–  Целиот овој пакет, заедно со реформите и со затворање на деценсиките отворени прашања со соседите, ни го отвори патот за членство во НАТО и ЕУ, порача Заев додавајќи дека реформата подразбира постојана работа и подобрување на безбедносниот систем со цел, тој да може да се справува со предизвиците.

– Досегашното работење и остварени резултати влеваат верба дека АНБ ќе продолжи да работи во согласнот со Уставот и законските рамки. Со целосно почитување на европските вредности и професионалната надградба на работата согласно НАТО стандардите. Во оваа насока Агенцијата ќе има постојана поддршка од Владата и останатите институции, рече Заев.

Директорот Димовски порача дека една година од основањето е направен целосен дисконтинуитет од минатотот и целосниот капацитет на Агенцијата е ставен во заштита на државата и граѓаните.

– Беа преземени чекори за кадровско доекипирање со преземање на кадри од МВР и други институции, како и селекција на нови кадри од најдобрите факултети. Беа направени обуки и за вработените и отпочната интензивна соработка со останатите агенции. Со членството, Агенцијата стана дел од оперативно безбедносниот систем на НАТО, изјави Димовски.

Не очекува, порача тој, финализирање на активностите за дислоцирање на нова локација, како и заокружување на процесот на законските решенија и иницијативи и кадровско доекипирање.

– Очекуваме силна поддршка од Владата и останатите институции, а од наша страна би сакал да ја подвлечам определбата и решеноста да истраеме на патот на кој сме, за изградба на современа Национална агенција за безбедноста, способна да се носи со сите предизивици, порача Димовски.