Андријана Илиоска се врати со титула „Мис бикини“ од изборот во Турција


Андријана Илиоска освои титула „Мис бикини“, на изборот за „Мис Аура интернационал 2020“, што викендов се одржа во Кемер, Турција.
Победничка на изборот е претставничката на Португалија, прва придружничка е убавицата од Латвија, а втора, претставничката на Татаристан.
Изборот се одржа во хотелот „RIXOS SUNGATE“, каде девојките престојуваа 15 дена.
Лиценцата за Македонија за овој избор ја поседува Модното студио „Црнокрак“.