Ана Винтур назначена за глобален советник за содржина во „Конде Наст“


САД- Се зголемуваат задолженијата на Ана Винтур (69) , најмоќната жена во модата. Покрај функциите креативен директор во издавачката компанија и главна уредничка на „Вог“ сега Винтур е назначена за глобален советник за содржина во компанијата, што значи и во интернационалните изаданија на „Вог“.

Таа и понатаму ќе ја организира гала-вечерта на Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј „Метрополитен“ – најпрестижниот моден настан за добротворни цели кој го обединува целиот Холивуд- црвен ќилим и модна изложба.