Ана Винтур: И син ми се излечи од коронавирус


САД– Пандемијата на коронавирусот влијаеше на животите, економија, но и на модната индустрија. Откажани се сите модни ревии, затворени се продавниците, а брендовите онлајн или со помош на социјалните мрежи се обидуваат да го привлечат вниманието на јавноста.

Следната недела Ана Винтур (71) ќе се приклучи на глобалните Вог разговори за иднината на модните ревии.

-Ништо повеќе нема да биде исто.Ревите беа голем и скапи, сега треба да разговараме за овие важни прањања, изјави Винтур.

Уредничката на аериканскиот „Вог“ знае од прва рака што значи борба со коронавирус. И нејзиниот син Чарлс ( 34) кој дизајнира облека за заболените од Ковид-19 бил позитивен на вирусот.

-Многу сум горда на него. Беше многу болен, но штом  се излечи, продолжи да помага, изјави Винтур.

Од денеска, САД се држава со најголем број починати лица од коронавирусот – 20.580.

Италија сега е на второто место со 19.468, по што следат Шпанија со 16.480 и Франција со 13.832 жртви.