Ана Винтур дели лекции за креативност и лидерство во „Мастерклас“


САД – Можеби сте се запрашале како најмоќната жена во модата, Ана Винтур (69) , успева во сè што ќе науми. Како главен уредник на американското издание на модниот магазин „Вог“ – како и уметнички директор на „Конде Наст“ и советник за глобална содржина – таа го режира и обликува секој елемент на брендот.

Сега, благодарение на „Мастерклас“, можете да добиете досега невиден пристап до експертизата на Винтур за креативност и лидерство. Почнувајќи од сега, 12-те предавања на Винтур се достапни на „Мастерклас“, како и на апликацијата „Мастерклас“ и да научите вредни лекции од нејзините повеќе од триесет години искуство како главен уредник на списанието.

„Знам дека многу луѓе се љубопитни за тоа која сум јас и како пристапувам кон мојата работа“, вели таа. „Ова е час за оние што сакаат да ги разберат мојот стил на лидерство и потоа да ги разберат искуствата што ми помогнаа да станам ефикасен лидер.
Ако ве заинтригира уредничкото око на Винтур, нејзините совети за новите дизајнери или самата помисла дека ќе видите што се случувало зад завесата на „Мет гала“ во 2019 година, оваа длабинска серија ќе ви предизвика многу размислувања. Слушајте како Винтур ги споделува своите размислувања за развој на креативна визија, препознавање талент, донесување тешки одлуки и да прифатите кој сте без никому да се извинувате. Одете зад сцената на клучната средба по модната недела или разгледајте ги деталите на историските моменти во текот на нејзиното водство, вклучувајќи ја и „контроверзната насловна страница“ со Ким Кардашијан Вест и Канје Вест во 2014 година, како и изненадувачката насловна во мај 1989 година со Мадона.