Ана Франговска е новата претседателка на АИКА Македонија
Ана Франговска е новата претседателка на Меѓународното здружение на ликовни критичари, AICA Македонија, избрана едногласно на состанокот од 15 февруари, откако Јованка Попова, претходната претседателка, поднесе оставка.
Франговска (1978, Скопје) е кустос-советник во Националната галерија на Република Северна Македонија од 2006 година и предава на Институтот за историја на уметност и археологија, Филозофски факултет, од 2016 година. Курирала и организирала голем број институционални и независни проекти во земјата и во странство, на локални и меѓународни уметници. Таа била ко-куратор на Павилјонот на Република Северна Македонија на 59-то Венециско биенале (заедно со Сања Којиќ-Младенов), со проектот „Пејзажно искуство“, на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска во 2022 година, како и куратор на Павилјонот на Македонија на 55. Биенале во Венеција во 2013 година со проектот Silentio pathologia на уметницата Елпида Хаџи-Василева.
Франговска е кураторка на Националниот павилјон на Северна Македонија на 60-то Венециско биенале 2024 година, на проектот INTER SPEM ET METUM на уметницата Славица Јанешлиева.