Ана Џејкобс од Холандија е најдобар кореограф на Танцлаб 2019


Ана Џејкобс од Холандија ја освои наградата „Златна пеперутка“ на натпреварот за млади кореографи „Танцлаб 2019“ како дел од годинешнава програма на јубилејното издание на Танц Фест – Идентитети што не смеат да се пропуштат! Што се одржа на 5 и 6 април во МКЦ.

Во финалето настапија уште шесет кореографи – Бобан Русески, Бартош Восцински од Полска,  Дана Маркус од Израел, Клеменс Џаглет од Франција, Егор Меншиков од Русија и Јасмин Систи од Италија.

Програмата ја следеше стручно жири во состав: Самуел Вуерстен, генерален и уметнички директор на фестивалот „Holland Dance Festival“ и член на бордот на КОДАРТС универзитетот од Холандија, Дидие Дешам, директор на Националниот танцов театар „Шајо“ во Париз, Франција, Зао Шји, директорка на интернационалниот фестивал „The New“ во Пекинг, Кина и Меххмет Балкан, шеф кореограф на Националните балети на Турција.

Ана Џејкобс како победничка ќе креира продукција со Скопје танцовиот театар.