Ана Брнабиќ: Аца Лукас направи повеќе за Србија од Борис Тадиќ
Мандатарката за состав на новата српска влада, Ана Брнабиќ, вчера направи бизарна споредба на поранешниот српски претседател Борис Тадиќ и една од перјаниците на турбо фолкот, Аца Лукас. Покажувајќи графикони во Собранието на Србија на вчерашното експозе, таа рече дека Лукас направил повеќе за Србија од Тадиќ.
„Верувам дека Аца Лукас направи повеќе за Србија од Борис Тадиќ, но нема врска“, изјави Брнабиќ, по што се разлеа апалауз во салата.