Амстердам останува без црвените фенери?


Излозите во кои скромно облечени сексуални работнички и работници привлекуваат муштерии во Амстердам може да бидат засекогаш затворени.

Градоначалничката на Амстердам Фемке Халсема денеска предложи во уличките на прочуениот амстердамски
реон на црвените фенери повеќе да не се гледаат понудувачите на сексуални услуги во излозите или проституцијата да се премести во друг дел од градот, пренесе АП.

Халсема вели дека целта на нејзината идеја е да се заштитат правата на сексуалните работнички, да се спречи криминалот и да се намалат проблемите на локалните жители и компании.

Таа планира да ги разгледа предлозите за идниот регион на црвените фенери на два состаноци кон крајот на овој месец со оние на кои тие се однесуваат.

Во септември, градското собрание, исто така, ќе расправа и за намалување на опциите и проверка на нивната финансиска и правна одржливост. Најавата на јавни консултации за иднината на реонот во кој се наоѓаат 330 излози за проституција го означува најновиот обид на амстердамските власти да го исчистат историскиот центар на градот кој во последните години стана бучен и пренатрупан магнет за туристите.

Реонот на црвените фенери постои со векови близу главниот градски пловен канал. Последните години, локалната самоуправа настојува да го намали бројот на прозорци и да го обнови тој реон, но со ограничен успех.

Главно навечер, големи групи туристи талкаат во ова подрачје, во кое се наоѓаат и бројни кафулиња каде се продава марихуана.

Во соопштенитео на градските власти се наведува дека за некои туристи сексуалните работници не се ниѓто повеќе од атракција за гледање.