Американското оружје „Леонидас“ урна 49 дронови со еден удар


Американската компанија Epirus објави видео од демонстрација на своето противдронско оружје „Леонидас“, во кое со еден единствен импулс на насочена енергија биле урнати 49 дронови одеднаш. 

Дроновите, како што посочуваат безбедносни аналитичари, се двојна закана – се појавуваат од непредвидливи насоки и се доволно евтини за да се користат во огромен број. Поради тоа, тие претставуваат ризик не само во воени конфликти, туку и за цивилното воздухопловство.

„Леонидас“ функционира со микробранови, зраци кои ја уништуваат електрониката на беспилотните летала. Системот е базиран на нова генерација полупроводници од галиум нитрид, кои овозможуваат помала потрошувачка на енергија и поголема мобилност во споредба со старите вакуумски цевки.